Извор: novamakedonija.com.mk
Еуфорија на улиците во Белград по победата на Студентската листа

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Белград синоќа беше исполнет со еуфорија, песни и развеани српски знамиња, откако првичните изборни проекции укажаа на пораз на коалицијата предводена од Александар Вучиќ на предвремените парламентарни избори. Центарот на прославата беше просторот пред Филозофскиот факултет, како и околните улици и плоштади во српската престолнина, пренесе МИА. Само неколку моменти откако Вучиќ се појави пред камерите во седиштето на својата партија и соопшти дека неговата коалиција ги загубила изборите, насобраната тензија меѓу граѓаните се претвори во масовна прослава. Граѓаните веднаш излегоа на улиците. Автомобилите застануваа, се развејуваа српски знамиња, а свирежите од автомобилските сирени се мешаа со песните на насобраните. Дел од присутните ги пееја песните што станаа симбол на изборната кампања на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“, додека други упатуваа остри и навредливи пораки кон Вучиќ, кој повеќе од 14 години беше на власт.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.