Извор: vecer.mk
Мбапе го реши „Ел Класико“ и ја „расплака“ Барселона (ВИДЕО)

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Килиан Мбапе е херојот на тимот на Реал Мадрид, затоа што французинот вечерва среде Ноу Камп постигна два гола и е најзаслужниот што „Кралевите“ триумфираа над вечниот ривал во уште едно големо „Ел Класико“, овојпат со конечни 1:2. За Реал ова беше 81. победа во меѓусебните дуели, а овојпат може да се каже дека е и заслужено, затоа што Мадрид одигра одлично, тактички, сконцентрирано, ги искористи шансите, и прописно се одбрани од противникот. Исклучително интересното прво полувреме беше одбележано со многу шанси, возбудувања, и навивачка еуфорија. Промашуваа и едните и другите, се додека во 41. минута кадриналната грешка на одбраната на Барселона, не го доведе Килиан Мбапе, ни крив ни должен што се вели да се запише во листата на стрелците. Топката буквално го погоди и влезе во голот на Барселона, за гостинско водство пред полувреме.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.