Извор: denesen.mk
Вучиќ го призна поразот

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Претседателот на СНС Александар Вучиќ вечерва го призна поразот на вонредните парламентарни избори во Србија. - Јасно е дека ги загубивме изборите. Ние освоивме отприлика 105 мандати, а студентската листа 135 до 140 мандати - рече лидерот на СНС. Според Вучиќ, за СНС гласале околу 1 милион и 720 илјади изборачи, додека за студентската листа околу 2 милиони и 200 илјади. „Многумина ќе бидат изненадени, а вие ќе сфатите до кој степен некои луѓе лажеле и какви работи измислувале. Сакам да ве информирам дека, врз основа на стратификуван примерок – па, јасно е дека ги изгубивме овие избори“, рече Вучиќ. Никој друг не влезе во Собранието, додаде Вучиќ. „Всушност, чекајте – Унгарците од Војводина влегоа со 3 пратенички места, Албанците со едно место, а мислам и СДА – иако не ме држете за збор. Значи, ние имаме некаде околу 1.720.000 гласови – ова ви го кажувам врз основа на примерок, иако тоа е сосема неважно. Тие имаат околу 2.200.000 гласови.“…
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.