Северна Македонија
Извор: sitel.com.mk

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Старата и дотраена механизација на струмички „Комуналец“ ќе се заменува со нова. Општината започнува со модернизација на возниот парк на јавното претпријатие со цел подобрување на комуналните услуги и одржувањето на хигиената во градот и населените места. Преку Министерството за транспорт веќе се обезбедени три нови машини , две за метење и една цистерна. Дополнително, со поддршка од општествено одговорни компании дониран е трактор со придружна механизација, а преку Југоисточниот плански регион се очекува да пристигне и ново возило за собирање смет. Директорот на Комуналец вели дека новата механизација е неопходна за поефикасно функционирање на претпријатието, бидејќи дел од постојните возила се стари повеќе од две децении, а честите дефекти го отежнуваат работењето. Од општината и претпријатието најавуваат дека обновувањето на возниот парк ќе продолжи и во иднина, со цел зголемување на капацитетите и подобрување на услугите за граѓаните. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец Категорија: Македонија Новинар: Зоран Ѓеоргиев…
Прочитај го целиот напис на Sitel

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.