Извор: press24.mk
Жена пријавила физички напад од сопругот
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
23-годишна жена од Штип пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, со кого била во бракоразводна постапка. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 23 октомври во 21:10 часот во СВР Штип. Жената пријавила дека физичкиот напад се случил околу 01:00 часот, а како сторител го посочила нејзиниот сопруг Д.Ч. (29) од Штип. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.