Извор: denesen.mk
Скопјанец завршил зад решетки – возел со 2,22 промили алкохол во крвта

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Шеесетгодишен скопјанец бил лишен од слобода во струшкото село Мислешево, откако полицијата утврдила дека управувал автомобил под дејство на алкохол. Според информациите од полицијата, на 25 октомври во 01:00 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „МГ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.П. (60) од Скопје. При извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот имал 2,22 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај, а по насоки на јавен обвинител му било одземено и возилото. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.