Извор: denesen.mk
Мила Петрушевска избрана за претседателка на Клубот на млади на ЗНАМ

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Младите не се само иднината на Македонија. Тие се нејзината енергија, нејзиниот глас и силата што може да донесе нови идеи, поинаков пристап и вистински промени. Токму со таа порака, на Пелистер денеска се одржа Првата изборна конференција на Клубот на млади на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на која за претседателка беше избрана Мила Петрушевска, магистер по правни науки од областа на казненото право и членка на Советот на Општина Куманово, се вели во соопштението од ЗНАМ. Конференцијата претставува важен чекор во организациското јакнење на Движењето и отворањето ново поглавје во организирањето на младите. Формирањето на Клубот на млади е дел од Акцискиот план на ЗНАМ, со јасна цел, создавање организиран, активен и функционален младински подмладок, во кој младите ќе имаат простор да ги изразат своите ставови, да предлагаат иницијативи и непосредно да учествуваат во креирањето на политиките и насоките на Движењето.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.