Извор: skopje1.mk
Уапсени девет возачи: тројца возеле без положен испит, шестмина под дејство на алкохол

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Девет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од приведените, тројца управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за 31-годишен жител на Арачиново, 35-годишен жител на Умово, општина Студеничани, и 27-годишен жител на Виница. Останатите шестмина управувале возила под дејство на алкохол, при што предизвикале сообраќајни несреќи. Меѓу нив се 42-годишен жител на Тетово, 60-годишен жител на Скопје, 42-годишен жител на Кичево, 19-годишен жител на Злеово, Радовишко, 26-годишен жител на Брајковци, Валандовско, и 19-годишен жител на Пирок, Тетовско.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.