Северна Македонија
Извор: mkd.mk

Млад делчевец пронашол документи, 114.000 денари и 2.000 евра и ги вратил

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Млад делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција, пишува во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи. „Вчера во 14 часот, во Полициската станица – Делчево, 18-годишен жител на градот предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра. Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во градот пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица“, информираа од МВР. Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која, како што нагласува, претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите. „Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорно однесување во заедницата“, потенцираа од МВР.
Прочитај го целиот напис на MKD.mk

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.