Извор: vecer.mk
Во пресрет на „Ел Класико“: Јамал – Мбапе 9:2 во победи!

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Ламин Јамал има само 19 години, но веќе се соочил со Килијан Мбапе 11 пати и има 9:2 во победи а меѓу нив има уште многу судири што доаѓаат. Вака започнува анализата на каталонскиот весник „Спорт“ пред долгоочекуваното Ел Класико во недела навечер: „Тие се лидери на Барселона и Реал Мадрид и ќе се сретнат повторно двапати – прво вечерва во 21:00 часот на Камп Ноу, а потоа во понеделник во Лондон, на церемонијата за доделување на Златната топка.“ Претстојното Ел Класико изгледа ветувачко за Каталонците ако играчите на Ханси Флик ја одржат својата одлична форма од првенството. Во меѓувреме, Французинот постепено губи место во трката за наградата за најдобар играч минатата сезона откако не успеа да освои ниту еден трофеј со Реал Мадрид или француската репрезентација.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.