Извор: press24.mk
(ВИДЕО) Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски – пуштен е да работи за ВМРО

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Осудениот С.З., познат како Симе, наместо во затвор, се наоѓа на слобода и активно работи на терен за владејачката партија, тврдат од опозициската СДСМ. Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција презентираше нови фотографии од вчерашните настани, на кои, како што наведуваат од партијата, лицето се гледа во близина на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на неговите изјави и обиколки во Брвеница. „Симбол на криминалот и човек фатен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари повторно е на слобода. Цела јавност го гледаше на видеа како пука со калашников или како го цитира Воислав Шешељ пред руско знаме. Сега истиот тој човек е пуштен да работи и да се заканува на терен во Брвеница“, истакна Кузеска.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.