Извор: vecer.mk
Лула или Болсонаро- Бразилците гласаат во вториот круг на претседателските избори

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Граѓаните на Бразил денеска гласаат во вториот круг од претседателските избори, на кои за шеф на државата се натпреваруваат актуелниот претседател, левичарот Луис Инасио Лула да Силва (80), кој се бори за четврти, без последователен мандат, и десничарскиот сенатор Флавио Болсонаро (45), син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро. Флавио Болсонаро постигна најдобар резултат во првиот круг од изборите, одржан на 4 октомври, што претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го оцени како „многу голема“ победа, јави Би-би-си. Поддржувачите на Флавио Болсонаро на последните предизборни митинзи изразија уверување дека тој ќе донесе промени во Бразил, ветувајќи тешка борба против организираниот криминал, како и намалување на даноците и јавната потрошувачка.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.