Извор: vecer.mk
Чуле открива поинаква музичка страна со „Љубовта е чаша“

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Некои чувства тешко се искажуваат со зборови, но музиката успева да им даде глас. Токму таква приказна носи „Љубовта е чаша“, новата песна на Дејан Николоски – Чуле, на публиката познат како вокал на групата „Дрим Тим“. Станува збор за музички проект со романтична тематика, во кој љубовта е прикажана низ симболиката на чашата, како нешто што може да биде исполнето, да остане празно, но и да се скрши. Музиката е на неговиот колега од групата Коки Коцев, текстот го потпишува Огнен Неделковски, додека аранжманот е на Дејан Момировски, кој се погрижи и за миксот и мастерингот во XLstudio Momiroski. Во реализацијата на песната учествуваат и гитаристот Дамјан Пејчиноски, виолинистот Хилми Баки и придружните вокали на Марта Чело, чии изведби го надополнуваат музичкиот израз на композицијата.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.