Извор: mkd.mk
Нови истражувања на локалитетот Раул во Гевгелиско

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Националната установа Музеј – Гевгелија спроведе сондажни археолошки ископувања на локалитетот Раул, во дворот на КПУ Затвор Гевгелија. Според информациите од Музејот, ископувањата кои се одвиваа во изминатите два месеци се дел од проектот „Погребни обичаи и материјална култура во римскиот период на локалитетот Раул“. Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Македонија во областа на музејската дејност и заштитата на нематеријалното културно наследство. Стручниот тим кој раководи со истражувањата го сочинуваат м-р Златко Кованцалиев, стручен раководител, м-р Дарко Анѓелковски, археолог и соработник за фотограметрија, м-р Иван Малезанов, археолог од НУ Завод и музеј – Охрид, м-р Милена Решкова, археолог од НУ Стоби и м-р Киро Ристов, археолог во пензија.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.