Извор: centar.mk
ЌЕ ПОСКАПАТ ЛИ ГОРИВАТА ОД ВТОРНИК? – Утре нова одлука на РКЕ, светската нафта бележи силен раст

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Регулаторната комисија за енергетика утре, во понеделник, 26 октомври, според редовниот распоред се очекува да донесе нова одлука за максималните малопродажни цени на горивата во Македонија. Во пресрет на одлуката, вниманието е насочено кон движењата на светските нафтени пазари, каде што изминатата седмица беше забележан значителен раст на цената на суровата нафта. Според последната одлука на РКЕ, бензините поевтинија за 2,50 денари по литар, додека дизелот поскапе за два денари. Во моментов ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 96 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по 98 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ по 99 денари за литар. Во меѓувреме, цената на нафтата „брент“ на меѓународниот пазар во петокот достигна 116,72 долари за барел, со неделен раст од околу шест проценти. Ваквите движења создаваат притисок кон поскапување, но не значат дека сите горива автоматски ќе добијат повисоки цени. Конечната пресметка зависи од референтните цени на одделните нафтени деривати, курсот на доларот и другите елементи предвидени со методологијата. Затоа, можни се различни корекции кај бензините и дизелот, како што беше случај и минатата недела.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.