Извор: mkd.mk
Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и дневни температури од 12 до 20 Целзиусови степени. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утре времето ќе биде променливо облачно со дневни температури од 15 до 22 степени. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Претежно во планинските предели ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 км/ч).
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.