Извор: mkd.mk
Потврден уште еден случај со морбили, заразени три бебиња и двајца возрасни

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Уште еден случај со морбили, петти по ред, е регистриран во државата, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Станува збор за едно ипол годишно бебе. Со тоа морбили во државава се потврдени кај вкупно три бебиња и еден маж на возраст од 45 години македонски државјани, и кај еден државјанин на Косово. „Имаме прелиминарна поврзаност помеѓу странскиот државјанин и тие трите домашни случаи, меѓутоа би почекал епидемиолошката анализа на Институтот за јавно здравје да биде готова и да го кажеме тоа службено“, рече Клековски пред почетокот на националната консултација за новиот Закон за лекови, што ја организираше Министерството за здравство во соработка со СЗО. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе повика на масовна вакцинација, дали ќе побара проверка на вакциналните картони и дополнително повикување на невакцинираните деца, Клековски рече дека постојано повикува на свеста и самосвеста на граѓаните и не верува во присилни мерки, бидејќи тие само го зголемуваат отпорот кон вакцинирањето.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.