Извор: republika.mk
Облачно време со повремени врнежи од дожд
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни – над 25 литри на квадратен метар. Кон крајот на денот, се очекува врнежите да престанат. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието, повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 14 Целзиусови степени. Во Скопје, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 Целзиусови степени.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.