Извор: sport1.mk
Скопје експлодира за Србинот: Бојковиќ со пеколен десен директ до титула во ФНЦ (ВИДЕО)

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Српскиот ММА борец, Марко Бојковиќ, стана нов шампион во лесна категорија на регионалната промоција ФНЦ, откако на манифестацијата во „Борис Трајковски“ дојде до импресивна победа со нокаут во првата минута од првата рунда против Лом Али Ескијев. Уште при самото излегување на борците, скопската публика застана на страната на Бојковиќ, давајќи му огромна поддршка во неговиот поход кон шампионската титула. Самата борба започна претпазливо од двете страни. Ескијев прв се обиде да нападне и успеа да зададе еден удар, по што Бојковиќ одговори со добар зафат. Веднаш потоа следуваше клучниот момент на натпреварот. Српскиот борец примени поинаков гард и трпеливо го дочека својот противник, по што пласираше силен и прецизен удар со десната рака кој резултираше со тежок нокаут кој Ескијев долго ќе го памети.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.