Извор: vecer.mk
“Специјалниот“ со порака пред „Ел Класико“:“Реал со Мурињо освојува титули!“

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, беше попретпазлив од вообичаено во своите изјави пред утрешното “Ел Класико“, но не пропушти да даде остри коментари за судењето и противникот. Иако не ги откри своите тактички планови, тој јасно стави до знаење дека останува уверен во можностите на својот тим, без оглед на исходот од натпреварот во недела. „Реал Мадрид со Мурињо освојува титули“, беше категоричен Португалецот. Кога беше прашан за формата на тимот пред толку клучен судир, Мурињо нагласи дека претходните резултати не се важни. „Во добра динамика сме, играме добро, постигнуваме голови… но во Ел Класико не е важно што сте направиле претходно, тоа нема никакво влијание. Овој натпревар е навистина различен“, коментираше тој. Специјалистот се врати и на темата за довербата во тимот, која ја побара по натпреварот со Севиља. Според него, критиките секогаш се насочени кон тренерот, додека играчите добиваат заслужени пофалби.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.