Извор: plusinfo.mk
УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца осомничени се приведени

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Познатиот бугарски бизнисмен Слави Бинев е застрелан во софиската населба „Павлово“, соопшти Софиското градско обвинителство за бугарската телевизија bTV. Според првичните информации, до инцидентот дошло утрото на 24 октомври. Сигналот за пукањето бил пријавен на итниот телефон 112 во 10:18 часот. Полициски екипи и екипи на итната медицинска помош пристигнале на местото, каде што била констатирана смртта на бизнисменот. Според информациите од главниот секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи, Љубомир Николов, Бинев бил погоден со еден куршум во главата. На местото на злосторството била пронајдена една чаура.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.