Извор: denesen.mk
ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
На Пелистер денес започна вториот младински камп на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посветен на едукацијата, развојот на лидерските вештини и активното вклучување на младите во политичкиот живот. Кампот претставува можност младите од различни општински организации да разменат искуства, да ги прошират своите знаења и да разговараат за улогата што ја имаат во развојот на ЗНАМ и иднината на Македонија. Овогодинешниот камп е продолжение на иницијативата започната минатата година во Струга, кога младите ја потпишаа иницијативата за формирање на Клубот на млади. Она што тогаш беше поставено како заедничка идеја, утре ќе добие конкретна институционална форма во рамките на Движењето ЗНАМ, со одржувањето на Првата изборна конференција на Клубот на млади. Првиот ден од кампот е посветена на теми од непосредно значење за младите кои сакаат активно да се вклучат во политиката. Преку две тематски предавања, учесниците разговараа за градењето и развојот на политичкиот подмладок, мобилизацијата и работата на терен, младинското лидерство и начините за поефикасно политичко организирање.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.