Извор: bitolanews.mk
Пелистер победи на гостувањето во Новаци

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Екипата на Пелистер од Битола во рамките на 9. коло од Втората фудбалска лига на Македонија гостуваше во Новаци каде ја победи истоимената екипа со резултат 0:2, полувреме 0:1. Пелистер дојде до водство во раната фаза на натпреварот, уште во 10. минута. Ивановски одлично проигра меѓу двајца противнички фудбалери, а Христов ја затресе мрежата на Новаци за водство на Пелистер од 0:1. Пред самиот крај на првото полувреме, битолчани го поставија конечниот резултат. По слободниот удар на Мирчевски, дефанзивецот Гроздановски беше највисок во скокот и со удар со глава зголеми на 0:2. Во второто полувреме Пелистер ја контролираше играта и предноста и на крај битолчани рутински ја завршија задачата до победа.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.