Северна Македонија
Извор: mkd.mk

Приведени се 12 возачи, 10 од нив немале дозвола

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г. (20) и К.Д. (23), И.Ш. (28), С.Т. (20) сите од Скопје, Р.Ш. (22) од селото Морани, скопско, А.В. (20) од Радишани, Скопско, Љ.М. (59) од Ресава, Кавадаречко, Н.Ј. (35) од Слупчане, Општина Липково и А.А. (18) од Прилеп и Д.К. (18) од Тополчани, Прилепско. Со активна мерка – забрана возило управувале Д.Ќ. (47) од Велес и М.Б. (30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.
Прочитај го целиот напис на MKD.mk

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.