Извор: smartportal.mk
„Korpa“ е првата онлајн платформа во Македонија која воведе плаќање преку Apple Pay и Google Pay

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Помалку чекори при плаќањето, поголема удобност при секоја нарачка, а новите опции за плаќање преку Google Pay и Apple Pay го прават купувањето преку Korpa уште поедноставно Korpa, домашната онлајн палтформа за нарачка и достава на храна и намирници, е првиот е-трговец во Македонија што воведе плаќање преку Apple Pay и Google Pay. Оваа новина е особено значајна во време кога мобилниот телефон станува главен канал за секојдневно купување, од омилен оброк, до намирници и мебел за дома, па затоа се потребни повеќе можности за крајните купувачи со помалку чекори. Kорисниците очекуваат брзо нарачување и едноставно плаќање. Наспроти тоа, регулаторните барања за дополнителна автентикација при онлајн плаќање, воведени на почетокот од годинава, чија цел е обвезбедување дополнителна сигурност и заштита на корисниците, внесоа повеќе чекори при потврдување на онлајн трансакциите. Кај најголем дел од трансакциите е потребна потврда преку апликацијата на банката, што бара префрлување меѓу апликации и го прави процесот на нарачување подолг и посложен.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.