Извор: lokalno.mk
Хаџи-Василева нова шефица на ОЈО ГОКК: Дали работите можат да се придвижат и да се врати довербата во правдата?

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Искра Хаџи-Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), откако на денешното гласање освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче, покажуваат сумираните резултати од петте изборни места во државата. Втор по бројот на гласови е Трајче Пеливанов со 57, Јован Цветановски освои 30, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест гласа. Четири ливчиња биле неважечки, додека 12 јавни обвинители не го искористиле правото на глас. Гласањето се одвиваше на пет изборни места во државата, а резултатите беа сумирани на јавна седница на Советот на јавните обвинители. Хаџи Василева, по завршувањето на АСЈО, обвинителската кариера ја почнува во 2016 година во основното скопско обивнителство, а во ОЈО ГОКК оди во 2024 година. Во јавноста во последниот период таа е особено препознатлива по предметот поврзан со судијата Ѓоко Ристов, во рамките на кој при претрес беа пронајдени 350.000 евра во семејна куќа во Неготино. Обвинителството го поврзува пронајдениот износ со постапката што ја води, а случајот веќе влезе и во судска фаза.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.