Извор: kumanovskimuabeti.mk
Дрон погоди брод во Црното Море кај Романија, има жртви

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Еден морнар загина, а тројца други се водат како исчезнати откако комерцијалниот брод „Хорив“, под знамето на Коморските Острови, наводно бил погоден од беспилотно летало и потонал во Црното Море, на околу 24 километри од романското пристаниште Констанца, објави денес Романската поморска администрација. Од вкупно 13 членови на екипажот, меѓу кои имало 10 украински и тројца азербејџански државјани, девет морнари биле спасени, додека остатоците од еден член на екипажот биле извлечени од морето, објави Digi24. Романските спасувачки служби започнале операција за пребарување откако добиле известување дека бродот е во неволја околу 10:00 часот наутро.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.