Извор: kurir.mk
Санчез: Цела Шпанија е во жалост, 68 жртви во несреќата кај Толедо

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Цела Шпанија е во жалост по железничката катастрофа во близина на Толедо во која загинаа најмалку 68 лица - изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез, оценувајќи ја трагедијата како една од најтешките во поновата историја на земјата. – Недозволиво е земја како Шпанија да преживее две катастрофи со брзи возови во иста година, како овие на кои бевме сведоци - изјави Санчез, потсетувајќи на трагедијата во Адамус, во Андалузија, каде во јануари годинава загинаа 46 лица. Според најновите податоци на шпанските власти, бројот на загинатите достигна најмалку 68 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат остатоците во потрага по уште тела. Ова е најсмртоносната железничка несреќа во Европа од 2013 година. На местото на несреќата, во близина на еден од возовите што се наоѓа на издигнат дел од железничката пруга, распоредени се бројни амбулантни возила, возила на погребални претпријатија и спасувачки хеликоптери.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.