Извор: skopje1.mk
Холандија најави 500 милиони евра воена помош за Украина

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Холандија ќе ѝ обезбеди на Украина воена помош во вредност од 500 милиони евра оваа зима, изјави денеска холандскиот премиер Роб Јетен по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Хаг, пренесува „Ројтерс“. „Средствата ќе бидат искористени за набавка на беспилотни летала и друга опрема неопходна за зајакнување на одбраната на Украина“, рече Јетен. Претходно денеска, пред пристигнувањето на Зеленски, холандската влада објави дека ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителни 1,2 милијарди евра невоена помош во текот на следните три години. Од оваа сума, 380 милиони евра се наменети за обнова на Украина во 2027 година, додека приближно 410 милиони евра ќе бидат издвоени за секоја од годините 2028 и 2029.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.