Извор: denesen.mk
Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), откако на денешното гласање освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче, покажуваат сумираните резултати од петте изборни места во државата. Втор по бројот на освоени гласови е Трајче Пеливанов со 57, Јован Цветановски освои 30, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест гласа. На гласањето имало четири неважечки ливчиња, додека 12 јавни обвинители не го искористиле правото на глас. Гласањето се одвиваше од 8 до 16 часот, по што резултатите беа сумирани на јавна седница на Советот на јавните обвинители. За функцијата се кандидираа пет јавни обвинители: Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.