Извор: vecer.mk
СЕ ГРАДИ ГАСОВОДОТ СО ГРЦИЈА, СЕ ПОДГОТВУВА И СО СРБИЈА

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги отфрли како неточни тврдењата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека државата се откажува од гасификацијата и од отворањето нови правци за снабдување со природен гас. Од Министерството посочуваат дека интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, дека се подготвува поврзувањето со Србија и дека се работи на оспособување на домашната гасоводна мрежа за ставање во функција. – Филипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој? – прашуваат од Министерството во реакцијата на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.