Северна Македонија
Извор: kurir.mk

Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Една од патничките што ја преживеа железничката несреќа во Шпанија, бремената Патриција, за шпанското радио COPE ги опиша сцените по судирот на возовите утрово. „Низ прозорецот видов еден од вагоните што скокна од шините и беше целосно изгорен“, рече Патриција, пренесува Ројтерс. „Видов многу луѓе надвор. Луѓето во нашиот вагон покажаа извонредна смиреност со оглед на ситуацијата и ми помогнаа“, рече таа. „Сите сме тука и се обидуваме да разбереме што се случило“, додаде таа. Според досегашните информации во тешката несреќа животот го загубија најмалку 68 лица. Повредени се 80, од кои 50 се во сериозна состојба. Спасувачките екипи се на терен, а се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Во Андалузија е прогласена тридневна жалост.
Прочитај го целиот напис на Kurir.mk

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.