Извор: mkd.mk
Менталното здравје на работното место не смее да биде занемарено

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Менталното здравје на работниците и навременото препознавање на психосоцијалните ризици беа во фокусот на одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа, на кое беа доделени и националните награди за добра практика за 2026 година. Компаниите „АРЦ Аутомотив“ и „Лутман Бакслунд Фудс Продукција“ се добитници на признанијата за активности насочени кон подобрување на безбедноста и здравјето на вработените. Претседателката на Советот за безбедност и здравје при работа, Јасмина Чалоска, на отворањето истакна дека заштитата на животот и здравјето на работниците мора да биде составен дел од секојдневното работење и управување со организациите. „Културата на превенција се гради со секојдневни одлуки, навремено препознавање на ризиците, ефективна комуникација и активно учество на работниците. Безбедноста и здравјето при работа не смее да биде сведено исклучиво на исполнување на законските прописи, изработка на документација или формално спроведување на процедури и протоколи“, рече Чалоска.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.