Северна Македонија
Извор: nezavisen.mk

Куп на Македонија: Тиквеш го елиминираше Вардар

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Шест екипи попладнево се пласираа во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Во дербито од осминафиналето од најмасовното натпреварување,Тиквеш во Скопје го совлада Вардар со 3:1. Серијата погодоци ја отвори Окере Висдом во 49. минута. Девет минути подоцна Бобан Николов израмни на 1:1, а во 62. минута Сила Н’Фанли му донесе предност на Тиквеш од 2:1. Конечниот резултат го постави Емануел Лавал во 75. минута. Македонија ЃП по подобро изведување пенали ја елиминираше штипска Брегалница. Гостите во првото полувреме имаа предност од 2:0, а стрелци на головите беа Иван Николов во 26. и Иван Глигоров во 36. минута. Во 58. минута Борјан Томовски намали на 2:1, а во претпоследната минута од дуелот, Бесмир Исмани го постигна вториот погодок за Македонија ЃП. Во пенал серијата, домаќинот беше поуспешен и на крајот славеше со 5:4.
Прочитај го целиот напис на Nezavisen

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.