Северна Македонија
Извор: centar.mk

Потпишување на Меморандум за соработка со Управен суд

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и в.д. претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини го потпишаа Меморандумот за соработка за дигитално поврзување на Собранието на Република Северна Македонија и Управниот суд. Овој меморандум е потпишан согласно Планот за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи, Вишиот управен суд и правните и физичките лица преку соодветна софтверската платформа. Целта на Меморандумот е да се воспостави рамка за меѓусебна соработка за дигиталното поврзување (софтверската платформа за дигитализација ЕПУС) при извршувањето на утврдените надлежности на институциите. Дигиталното поврзување и размена на податоците меѓу Собранието и Управниот суд се воспоставува и спроведува согласно важечките прописи, и тоа: Законот за управни спорови, Законот за општата управна постапка, Судскиот Деловник, Законот за судови, Законот за електронско управување и користење на услуги, Законот за заштита на личните податоци и согласно надлежностите на Собранието и Управниот суд, како страни потписнички на овој меморандум.
Прочитај го целиот напис на Centar

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.