Извор: skopje1.mk
Автомобил излетал од патот и удрил во дрво во Велес, тешко повредени две лица

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Двајца 27-годишни велешани се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Вардарска“ во Велес, откако автомобил излетал од коловозот и удрил во дрво. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 октомври околу 23:40 часот. Автомобилот „форд“ со велешки регистарски ознаки го управувал Б.Т. (27), а со него патувал и Д.П. (27), двајцата од Велес. Возачот и сопатникот се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес. Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.