Извор: press24.mk
Јаневска за студентскиот оброк: Понудивме ваучерски систем
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека е уверена оти наскоро ќе биде најдено решение за студентскиот оброк. Таа најави дека разговорите со студентските претставници продолжуваат, а денеска е предвидена и средба со премиерот и студентите. – Имав средба со студентите, со претставници на студентските собранија на неколку универзитети, зборувавме за студентскиот оброк. Апсолутно сум сигурна дека ние решение ќе изнајдеме, но, гледам една мала дисонанца во континуитет на раководството на студентските собранија, а мислам дека не беа сосем доволно информирани за договорите што претходно сме ги имале со студентите и не сме имале никаков проблем во решавањето на студентскиот стандард и сите нивни потреби. Оттука, мислам дека сме блиску до изнаоѓање на решение – истакна министерката Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.