Северна Македонија
Извор: mrt.com.mk

Судир меѓу два брзи воза во шпанската покраина Толедо

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Најмалку 46 лица загинаа, а над 100 се повредени во судир меѓу два брзи воза во шпанската покраина Толедо. Несреќата се случи околу 9 часот наутро, кога воз на компанијата Ренфе удрил во воз на приватниот превозник Ирјо, кој сообраќал на линијата Мадрид – Севиља. Железничкиот сообраќај на брзата линија меѓу Мадрид и Андалузија е прекинат во двата правци. На местото се испратени Цивилната гарда, пожарникари, волонтери и медицински тимови, а побарано е распоредување и на Воената единица за одговор при итни случаи. Шпанскиот премиер Педро Санчез изрази шокираност и солидарност со жртвите и нивните семејства. Тој е во постојан контакт со министерот за транспорт и регионалните власти. Ова е втора голема железничка трагедија во Шпанија оваа година. Во јануари, во судир на два воза на југот од земјата, загинаа најмалку 45 лица, а 170 беа повредени. Категорија: Свет Nadnaslov: Шпанија Слика за вест…
Прочитај го целиот напис на MRT

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.