Извор: republika.mk
„Арс Ламина“ ја објави „Чија си“ – авторизираната биографија на Славе Димитров од Максим Ристески
Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Животната и музичка приказна на Славе Димитров, еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, е во фокусот на новата книга „Чија си“ од Максим Ристески. Авторизираната биографија деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk. Инспирирана од животот и од творештвото на еден од најзначајните македонски композитори, пејачи, аранжери и музички продуценти, книгата раскажува за уметничката посветеност, за вербата во музиката и за потрагата по вистинскиот тон во време што често ѝ дава предност на бучавата.Ова не е само биографија, туку и хроника на едно време, раскажана низ животниот пат на човекот чии песни оставија траен белег во македонската музичка култура. Од Битолско Генимале до позиција на еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, Славе Димитров градел препознатлив музички израз, воден од вербата во убавината на чистата и едноставна мелодија.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.