Северна Македонија
Извор: kurir.mk

Санчо одби трансфер во Хетафе, има понуда од Саудиска Арабија

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо има понуда од Саудиска Арабија. Претходно беше објавено дека шпанскиот клуб Хетафе е во преговори со Санчо кој моментално е слободен агент. Сепак, денес Англичанецот го информираше претседателот на Хетафе, Анхел Торес, дека нема да се приклучи на тимот, информира „Марка“. Санчо наводно сакал да заработи околу 3 милиони евра до крајот на сезоната. Англиските медиуми објавија дека Хетафе му понудил плата од 400.000 евра, но оваа информација е неточна: клубот бил подготвен да плати многу повеќе, но нивната понуда сепак не ги исполни очекувањата на играчот. Џејдон има понуда од клуб од Саудиска Арабија кој е подготвен да ги задоволи неговите финансиски барања. Минатата сезона, Санчо играше за Астон вила како позајмен. Тој постигна две асистенции во 23 натпревари од Премиер лигата. (МИА)…
Прочитај го целиот напис на Kurir.mk

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.