Извор: mkd.mk
Приведени две Перуанки на Ќафасан поради поседување марихуана

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Две државјанки на Перу се лишени од слобода на Граничниот премин Ќафасан откако при контрола во нивниот багаж била пронајдена марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што информира МВР, на 27 октомври на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан извршиле преглед на комбе во кое патувале 27 годишната Л.Р.Ф.М. и 26 годишната П.П.Д.А., двете државјанки на Перу. „При контролата, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било откриено едно пакување со марихуана. По откривањето на дрогата, двете биле лишени од слобода и спроведени во Полициската станица Струга, каде биле задржани за понатамошна постапка“, информираа од МВР.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.