Северна Македонија
Извор: nezavisen.mk

На Македонците им се качува многу притисокот

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

На 174 граѓани од кои 95 мажи и 79 жени вчера им се извршени бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар, на штанд поставен од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Кај 60 лица односно 34,5 отсто биле регистрирани зголемени вредности на крвен притисок, кај 34 лица (19,5 отсто) се утврдени зголемени вредности на шеќер во крвта и кај 45 лица (25,9 отсто) се регистрирани зголемени вредности на маснотии во крвта, изјави за МИА директорот на Клиниката, д-р Јован Божиновски. Пациентите, посочи тој, беа од сите возрасни групи, а најмногу повозрасни и освен во Скопје бесплатни превентивни мерења вчера се извршени во Тетово, Кавадарци и Штип. Во врска со тоа дали има доволно лекови за пациентите со невролошки заболувања, д-р Божиновски рече дека за секоја невролошка болест ги има неопходните специфични лекови и преку условниот буџет кој го имаат за одредени невролошки болести преку програмата за ретки болести од Министерството за здравство, и нема листи на чекање.
Прочитај го целиот напис на Nezavisen

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.