Северна Македонија
Извор: mkd.mk

Денеска продолжува големата еко-акција во Скопје

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Да оставиме пример, не ѓубре – продолжува најголемата еко-акција досега, напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Тој најави дека денеска во 10 часотц продолжува најголемата еко-акција досега. „Силата на Скопје е во неговите луѓе. Во оние што ќе излезат од својот дом за да го направат поубав и заедничкиот. Во рацете што чистат, во свеста што се буди, во решителноста да оставиме нешто добро зад себе. Илјадници волонтери, во сите скопски општини, повторно ќе се обединат за почист, поубав и поздрав град. На повеќе од 50 локации ќе чистиме паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Ќе бидеме таму каде што секојдневно се одвива животот, каде што се среќаваме со соседите, каде што ги носиме децата на прошетка, каде што сакаме да седнеме и да уживаме во своето маало. Со нас ќе бидат општините и градоначалниците, учениците, волонтерите и сограѓаните од сите генерации и професии“, додаде Ѓорѓиевски.
Прочитај го целиот напис на MKD.mk

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.