Северна Македонија
Извор: mkd.mk

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го изгуби компасот

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Навреди, закани и ширење говор на омраза е однесувањето на СДСМ кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и кон Христијан Мицкоски. Веќе не знаат каде тераат, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ велат дека падот на Александар Вучиќ во Србија ќе донесе разврска на сите криминални соработки со премиерот Христијан Мицкоски. „Нам ни е јасно дека СДСМ се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата. Со кое лице Кузеска и СДСМ обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Зоран Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Венко Филипче, несуден криминалец, говорат за српски свет, кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија? Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот буџет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Прочитај го целиот напис на MKD.mk

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.