Извор: inovativnost.mk
Audi инвестира четири милијарди долари во нова фабрика во САД

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Германскиот производител на луксузни автомобили Audi планира да инвестира четири милијарди долари во изградба на фабрика во американската сојузна држава Џорџија, каде што ќе се произведуваат модели од типот SUV. Извршниот директор, Гернот Долнер, изјави дека станува збор за деловна одлука насочена кон зголемување на продажбата на американскиот пазар и намалување на трошоците поврзани со царините. Фабриката, која се очекува да започне со работа на почетокот на 2030-тите години, ќе биде првиот производствен погон на Audi во САД. Планирано е таа да има капацитет до 200.000 возила годишно, при што се очекува околу половина од производството да биде наменето за извоз. Во погонот е предвидено да се произведуваат моделите Q7, Q8 и Q9, пренесува SEEbiz. Долнер истакна дека Audi има поголеми амбиции за американскиот пазар, кој е вториот најголем пазар за луксузни автомобили во светот. Одлуката за локацијата е донесена по повеќемесечна евалуација на повеќе од 70 потенцијални локации и интензивни преговори со надлежните претставници.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.