Северна Македонија
Извор: kurir.mk

Младата футсал селекција одигра нерешено против Црна Гора

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години вечерва во Тиват го одигра првиот контролен натпревар со соодветната репрезентација на Црна Гора. Дуелот заврши без победник, а двете селекции постигнаа по еден погодок. Репрезентацијата на Македонија поведе во 16. минута, а стрелец на голот беше Јован Бојчев. Дванаесет минути подоцна домаќините преку Лазар Воротовиќ успеаа да израмнат на 1:1 што на крајот беше и конечен резултат на овој натпревар. Во 32. Минута, Црна Гора не успеа да реализира пенал и тоа по одличната реакција на нашиот голман, Илија Петрески. За Македонија на овој натпревар настапија: 1. Алек Тошевски (голман), 11.Михаил Гоговски, 2.Леонид Стоевски, 8.Лука Давитковски, 4.Климент Ѓошев, 6. Аки Мехмедалиев, 3.Христијан Ризов, 14.Јован Бојчев, 12.Илија Петрески (голман) , 9.Јован Лембевски, 10.Александар Крстевски, 13.Матеј Анѓеловски, 5.Бојан Пешев, 22.Дамјан Ивановски (голман) Репрезентацијата предводена од селекторот Зоран Лекиќ утре од 11 часот ќе го одигра вториот дуел против домаќинот Црна Гора.
Прочитај го целиот напис на Kurir.mk

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.