Извор: republika.mk
Бесплатен концерт од циклусот „Слободна среда“ вечерва во Салонот 19:19

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Млади инструменталисти и вокални солисти ќе настапат на два бесплатни концерта од циклусот „Слободна среда“, што ќе се одржат на 21 и 28 октомври во Салонот 19:19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Концертите започнуваат во 19 часот, а организатор е Музичка младина на Македонија. На двата концерта ќе настапат ученици и студенти од музичките училишта и факултетите во Македонија, со програма што опфаќа дела од барокот, класицизмот, романтизмот и современата музика, вклучително и композиции од македонски автори. „Слободна среда“ е концертна платформа на Музичка младина на Македонија, наменета за афирмација на младите музички таленти и стекнување сценско искуство.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.