Извор: mkd.mk
Падна првиот снег во Маврово, зимата тропа на врата

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Во познатиот македонски зимски центар и Национален парк Маврово вечерва падна првиот снег. Според фотографиите што ни ги испратија наши читатели, се гледа дека паѓа снег како најава за доаѓањето на зимата. Управата за хидрометеоролошки работи во деновите што следат најави променливо облачно време со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се движат од три до 10 степени, а максималните од 13 до 19 Целзиусови степени. Што се однесува до Маврово, според прогнозата на AccuWeather, моменталната температура изнесува четири степени. Според прогнозата, вечерва, снегот во Маврово се очекува да продолжи да паѓа, со голема веројатност да формира тенка снежна покривка до еден сантиметар.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.