Извор: mkd.mk
Најмладиот пациент со претрпен мозочен удар во Штип има 26 години

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Најмладиот пациент со мозочен удар оваа година кој е примен на Одделението за неврологија во Клиничка болница-Штип има 26 години, посочи денеска неврологот Елена Личкова. Клиничка болница-Штип по повод одбележувањето на Денот на мозочниот удар организираше бесплатно мрење на крвниот притисок, шеќер во крвта. Целта е превенција и запознавање на населението со ризиците од мозочниот удар. „Најподложни пациенти за мозочен удар се пациентите коишто имаат повеќе ризик-фактори, како нерегулирана хипертензија, односно покачен крвен притисок, дијабетес или лошо регулиран шеќер во крвта, пациенти коишто имаат хиперлипидемија, односно покачени масти во крвта, пациенти коишто злоупотребуваат дроги, алкохол и пациенти кои се пушачи. Тие спаѓаат во ризичните групи за добивање мозочен удар, и секако пациентите коишто имаат срцеви аритмии“, рече Личкова.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.