Извор: centar.mk
Ковачевски: Со вториот ребаланс расте задолжувањето, а нема мерки за граѓаните

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на Комисијата за финансирање и буџет обвини дека вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година отвора сериозни прашања за реалноста на буџетското планирање и економските политики на Владата. И покрај зголеменото задолжување и повисокиот буџетски дефицит, се намалуваат капиталните инвестиции, а изостануваат конкретни мерки за поддршка на граѓаните, младите, работниците, земјоделците и домашните компании. „Ова е суштинската противречност на ребалансот. Вкупните расходи се повисоки од првично планираните, дефицитот е поголем од првично планираниот, но средствата за капитални инвестиции повторно се намалуваат“, истакна Ковачевски. Со вториот ребаланс, приходите се планирани на околу 374,2 милијарди денари, расходите на 420,5 милијарди денари, а буџетскиот дефицит на 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП. Истовремено, капиталните расходи се намалуваат од 46,5 на 40,1 милијарда денари во однос на јулскиот ребаланс, односно за околу 13,6%.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.